Законот е дискриминирачки

Учениците од семејства во социјален ризик се доведуваат во нерамноправна положба, затоа што ќе немаат ИТ уреди на кои ќе бидат внесени дигиталните учебници.

За учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник.
Како поддршка на училиштата, заедно со Светска банка ќе реализираме активност за нивно опремување со таканаречен библиотечен фонд на таблет уреди кои ќе им се даваат на времено користење на учениците кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, за да можат истите да ги користат дигиталните учебници.
Дополнително, сите учебници ќе бидат достапни и во аудио формат, но и печатени на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.
Содржината на законот е целосно усогласена со стратешките документи и препораки донесени од страна на Европската комисија кои се однесуваат на образованието и дигитализацијата. Така што, земајќи ги предвид овие факти, станува збор за првиот недискриминирачки Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во Република Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *