Исто како и родовата еднаквост, така и инклузијата е основен принцип на новата концепција. Инклузијата, за разлика од претходно, кога не беше законски регулирана и беше оставена на „добрата волја“ на директорите и наставниците во училиштата, дали ќе прифатат одреден ученик или не, сега со новиот закон за основно образование, како и со Концепцијата, како никогаш до сега, не само што се регулира, туку и се предвидуваат и планираат сите чекори за нејзино имплемeнтирање во интерес на учениците со попреченост и сите останати ученици со посебни образовни потреби.
Тоа значи дека се донесени и сите подзаконски акти, овозможена е помош од образовни и лични асистенти за овие ученици, се овозможuва развивање на индивидуален образовен план за секој ученик со посебни потреби, модифицирани програми, како и создaвање физички услови во училиштата за овие ученици.
Она што сакаме да го истакнаме е дека за прв пат системски се воведува услугата образовна асистенција која е предуслов за обезбедување на инклузивно образование. Со тоа образовната асистенција ќе се испорачува согласно Законот за основно образование, ќе се финансира од Буџетот на РСМ, односно преку Буџетот на МОН за 2021 година, за што се обезбедени финансиски средства во висина од 59 милиониденари.
Во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во втората половина на месец мај започнуваме со обука на кадарот во посебните училишта, односно тренинг за тренери за образовни асистенти, кои понатаму треба да ја спроведат обуката на образовните асистенти кои ќе бидат селектирани, а ќе се одржат и обуки за наставниците во чии паралелки ќе бидат вклучени овиеученици.
Согласно новиот Закон за основно образование, специјалните училишта, односно училиштата во кои се воспитуваат и образуваат ученици со попреченост да добијат и дополнителна дејност, да станат Ресурсни центри со што ќе се овозможи мобилност на веќе постоечкиот искусен кадар кој ќе дава поддршка на инклузираните ученици како и на инклузивните тимови во редовните училишта.
Од оваа година исто така, обезбедувањето на пристапноста е задолжителен услов кој треба да се исполни за добивање на финансиски средства за адаптација, реновирање или изградба на училиште со средства од МОН.
Дополнително на ова во насока на унапредување на процесот на инклузија, во тек е реализација на Проект за непречен пристап во 14 образовни институции низ државата – 6 основниучилишта, 4 средни и 4 факултети преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 – EU for inclusion за кој е подготвена техничкатадокументација (проекти за адаптација) и очекуваме градежните активности да започнат во јуни/јули 2021. Во рамки на ИПА проектот „Биди ИН, бидиИНклузивен, бидиИНклудиран“, доделени се и 320 стипендии за деца со попреченост коишто се вклучени во редовното образование и тоа за прво и второодделение, а во тек е новиот оглас за доделување на дополнителни 150 стипендии за наредната учебна година.