Да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден

Сосема погрешно е да се зборува за „спојување“  на наставни предмети без при тоа да се знае современиот пристап во педагогијата, воопшто во стратегиите, методите на работа во наставата, во училиштата.

Ниту се „спојуваат“ механички предмети ниту се прави некаква компилација или неприроден спој што е несоодветен за изучување, туку напротив, се прави интегрирање на сродни предмети, од иста или  сродна научна област за да се овозможи полесно, посуштинско изучување на појавите и поврзување, добивање на целосна претстава кај учениците за она што го изучуваат. Интеграцијата и до сега беше составен дел на наставата во првиот и вториот период на основното образование, сега само продолжува и во третиот период на основното образование. Но и до сега во предметна настава им беше сугерирано на наставниците да прават меѓупредметно поврзување и така да ја планираат и реализираат наставата.

За да се потврди дека интеграцијата е основата на секој образовен систем доволно е да се погледнат искуствата од сите земји и во Европа и во Светот. Меѓународните тестирања се базираат на прашања, поточно проблемските задачи  кои бараат одговори од повеќе аспекти и поврзување на знаењата од  една или повеќе области, поврзување на знаењата од различни предмети во обид да се „соберат“, односно синтетизираат различни перспективи за предметот/појавата на изучување. На тој начин се овозможува учениците полесно да ги поврзат наставните содржини со реалноста, да ја согледаат смислата на она што го учат и да ги доживуваат наставните активности како релевантни и применливи. За да го постигнат таквото знаење училиштето мора да на учениците да им нуди современа, интегрирана настава, смислена поврзаност меѓу предметите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *