Согласно Стратегијата за разој на концептот за едно општество и интеркултурализам Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука во соработка со Државниот просветен инспекторат, Центарот за стручно образование и обука, Младински образовен форум, наставници и универзитетски професори изготвија Стандарди за интеркултурно образование. Стандардите се изготвија во рамките на “Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието”, имплементирани од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО )”Јакнење на мултиетничката соработка во општините” поддржан од Детската фондација Песталоци.
Документот е донесен од страна на министерката за образование и наука со решение бр о8-1215/2 на 11.08.2021 год.