Државата за прв пат усвојува Национални стандарди со кои се определуваат компетенциите што треба да ги стекнат учениците во текот на деветолетката. Стандардите подразбираат дефинирање на резултатите од учење. Учениците од деветолетка ќе излегуваат со знаења во 8 подрачја како што се јазична писменост; користење други јазици; математика, природни науки и технологија; дигитална писменост; личен и социјален развој; демократска култура и граѓанство; претприемништво и уметничко изразување, култура и мултикултура.

Тоа е она што им е потребно на младите да бидат граѓани на едно модерно општество, да бидат креативни, иновативни и преку лични успеси да придонесуваат кон развојот на државата.

Националните стандарди се достапни на следниот линк.