Новите наставни програми се изработуваат врз основа на усвоените Национални стандарди за постигањата на учениците на крајот на основното образование и истите обезбедуваат целосната автономија на наставниците за прилагодување на наставата кон поединци и групи што ќе овозможи остварување на очекуваните резултати од секој ученик. Фактографското учење се заменува со учење со разбирање. Формативното оценување добива предност наспроти сумативното, што значи секојдневно ќе се следи и евидентира напредокот на учениците. Учениците уште од најрана возраст се воведуваат во граѓански вредности поврзани со родовата еднаквост, инклузивноста, мултикултурализмот, грижа за животната средина и слично. Тие ќе стекнуваат компетенции во неколку области кои современиот свет ги нотира како најважни.

Наставните програми се достапни на веб страницата на Бирото за развој на образованието.