Согласно Концепцијата за основно образование донесена од страна на министерката за образование и наука со решение бр. 08-3980/1 од 3.03.2021 изработен е Водич за слободни изборни предмети во основното образование.

Во Водичот се дадени водечките принципи на слободните изборни предмети, начинот на определување на слободните изборни предмети во училиштето, изработката на наставните програми за изборните предмети, изборот и организацијата на слободните изборни предмети, планирањето и реализацијата на наставата, како и начинот на следење и оценување на постигањата на учениците.

Во прилог на Водичот се дадени: модел на прашалник за пројавување првичен интерес на учениците за избор на слободни изборни предмети, образец за подготовка на наставната програма и образец за планирање на часовите за реализација на слободните изборни предмети.

Линк до Водичот за слободни изборни предмети за основното образование

Линк до Примери на наставни програми за слободни изборни предмети за IV одделение